Распределба на местата во Европа: Пелистер сака да игра во ЛШ, Алкалоид може да бира!

2576

Со денешниот натпревар помеѓу Бутел Скопје и Алкалоид, и официјално ќе биде означен крајот на сезоната. На врвот нема промени, Пелистер е старо-новиот првак, синоќа на гостински терен кај Вардар 1961 дојде до победа за трета титула во низа, деветта во својата историја.

Денешната пресметка во Автокоманда нема да промени ништо околу крајниот пласман на табелата и местата кои водат во Европа.

Пелистер ќе аплицира за вајлд-карта во Лигата на шампиони, бидејќи таму немаме загарантирано место. Доколку ја добие истата трета година по ред ќе биде дел од европската клупска елита.

Вардар 1961 како второпласиран ќе игра во групната фаза во Европската лига, додека пак Алкалоид како шампион во ЕХФ Европскиот Куп ќе има шанса да одигра едно квалификациско коло за место во Европската лига.

ГРК Охрид е четвртиот претставник кој ќе излезе во Европа, а ќе игра квалификациите во ЕХФ Европскиот Куп.

***Ако ЕХФ одлучи да не им додели вајл-карта на битолчани, тие ќе играат во Европската лига, што пак значи дека Вардар 1961 ќе мора да игра квалификации за пласман во групната фаза во ова натпреварување****

ПретходноВо Битола почна шампионското славје: Пелистер после три години го освои Скопје (ФОТО)
СледноПолицијата во Албанија на ниво на задачата: Навивач беше исфрлен зошто носеше провокативна маичка