РК Вардар: Честитки до Пелистер! Наклон за навивачите, заедно ќе го вратиме тимот – на врвот! (ФОТО)

1164

Во манир на голем клуб, иако вчера доживе болен пораз и тоа пред своите фанови во битлката за титулата во нашата ракометна Суперлига, РК Вардар јавно,преку своите социјални мрежи му ја честиташе титулата на РК Пелистер:

Упатуваме честитки до екипата на rkeurofarmpelister за вчерашната победа и освоената титула во ракометната Супер Лига

Огромна благодарност до нашите komiti87skopje

до илјадниците наши навивачи за одличната црвено-црна атмосфера. Вашата поддршка за време и по завршувањето на натпреварот е нашата најголема сила, наш најголем мотив да продолжиме уште посилно да се бориме за подобра иднина на клубот, за нови успеси!

Очите на ракометниот свет вчера беа насочени кон Скопје, кон полната сала ,,Јане Сандански” која и покрај поразот на нашиот клуб, сведочеше на одличен дерби дуел, кој секако дополнително допринесува и кон поголема афирмација на македонскиот ракомет.

Заедно Вардар повторно ќе го вратиме онаму каде што му е местото – на врвот“ напишаа од РК Вардар

ПретходноГотово е: Спалети доби отказ!
СледноПораз и од Словачка: Одбојкарите се враќаат од Братислава без освоен сет