Следната сезона директно испаѓаат три екипи од ПМФЛ, две ќе играат бараж, од ВМФЛ директно ќе испаднат пет клубови!

760

Како што и беше најавено, а сега и потврдено со одлука на УО на ФФМ, од следната сезона ќе има кратење на ПМФЛ и ВМФЛ за да може во таа наредна сезона, 2026/27, во елитата да има 10 екипи а во втората лига 14.

Тоа значи дека во следната сезона директно ќе испаднат три екипи, додека две ќе играат бараж. Од ВМФЛ ќе испаднат пет екипи додека три ќе играат бараж.

Првата лига за сезоната 2026/27 ќе се пополни на следниот начин:

-Првопласираниот тим од ВМФЛ директно оди во елитата, додека вториот и третиот ќе играат бараж со осмиот и деветиот од ПМФЛ.

-Кога ќе се случи кратењето, ПМФЛ со 10 и ВМФЛ со 14 екипи, од таа 2026/27 сезона, тогаш од елитатата ќе испаѓа само последниот на табелата, десеттиот, додека осмиот и деветиот ќе играат бараж со вториот и третиот од ВМФЛ, додека од ВМФЛ директно ќе испаѓаат три екипи.

Ова е шематскиот приказ на тоа како ќе биде во следната 2025/26 сезона, но и како ќе биде понатаму откако двете лиги ќе бидат скратени:

ПретходноАлкалоид, Бутел Скопје…со честитки до Пелистер: Од срце ви посакуваме уште многу спортски успеси
СледноБез Бојан Илиевски со Казахстан! (ФОТО)