СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски
Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 16:00 часот по македонско време го игра четвртиот меч од Мундијалските квалификации против Казахстан во Астана. По победата над Лихтенштајн, и двете ремија против силните Велс однисно Белгија, нашиот национален тим има сериозна шанса оваа кампања да ја направи резултатски историска.
Токму затоа утрешниот меч ние имаме императив на победа, сакале тоа да го признаеме или не. Шансата е тука и вреди да се искористи.
Домаќинот не е селекција која што не може да се победи, влегува во овој дуел по поразот од Белорусија од 4:1. Нашата официјална прес конференција штотуку заврши, а на неа помошникот на селекторот Благоја Милевски, кој е суспендиран, Роберт Стојановски, како и капитенот Столе Димитриевски ги пренесоа очекувањата за дуелот со Казахстан.
„Не не залажува поразот на Казахстан од пред неколку дена се работи за доста квалитетен противник. Се работи за квалификациски дуел во кој се е можно. Се работи за сериозни професионалци, и условите не се важни. Дали тоа е вештачка трева, или природна, но тоа во моментов не менува нешто посебно. Да, имаме проблем со недоаѓањето на Исник Алими и Бојан Димовски но тоа е тоа. Ќе се справиме со ситуацијата и ќе бидеме на потребното ниво. Вистина е дека за голем дел од нашите репрезентативци, шампионатите се завршени. За дел од нив реагиравме со дадени тренинг програми. Јунскиот термин нам до сега не ни одговараше, но сега е сосема поинакво. Мотивација нас не ни е потребна, за репрезентација секогаш се игра со срце“ – изјави Стојановски па додаде.
„Искуството што го имаат во клубовите, не може премногу да им помогне на нашите репрезентативци, кога станува збор за вештачка трева. Се обидовме да ги подготвиме и за тој дел. Многу работи зависат од денешниот тренинг, дали Македонија ќе игра со два или три дефанзивци во линија. Формацијата која што дава резултати во принцип не се менува. Конечно, не би сакал никој да издвојам од тимот на Казахстан, тоа е селекција која што колективноста и е најсилна страна“ – додаде помошникот на Благоја Милевски, Роберт Стојановски.
„Ние мораме да признеме дека се подготвуваме цела година за се ова. Професионалноста нам не ни недостасува, и казахстанците се следени шест месеци. Изненадувања не очекуваме премногу од нивна страна, мечот против Белорусија нас не не залажува. Подготвени сме. Секој меч зависи исклучиво од нас. Нашите играчи се искусни, квалитетни. Покажавме дека можеме можеме. Не правиме тензија или притисок дека мораме. Сакаме тоа да дојде како последица на една континуирана работа, на еден период во кој се работело добро“ – вели Стојановски.