Три клуба од Премиерлигата го посакуваат Гарначо, а тој сака само во Челзи!

286

Алехандро Гарначо, една од ѕвездите на Манчестер Јунајтед, по се изгледа дека ова лето ќе мора да го напушти “Олд Трафорд“. Менаџерот Рубен Аморим наводно, како што пренесуваат медиумите на Островот, му напоменал дека не смета на неговите услги за наредната сезона. Таа нивна нетрпеливост доаѓа откако Аморим не му даде минутажа на младиот Аргентинец во финалето во Лигата на Европа, па Гарначо реагираше како што реагираше.

Ново е тоа што веќе три клуба од Премиерлигата го посакуваат офанзивецот и веќе почнале преговори со Манчестер Јунајтед. Сепак за Гарначо единствена опција била само Челзи.

Кога сме кај него, во изминатите неколку недели името на Гарначо се поврзуваше и со евентуален трансфер во Наполи, Леверкузен, Атлетико Мадрид, но самиот тој не сака да ја напушти Англија и Премиерлигата.

ФОТО: ФЦ Манчестер Јунајтед/ФБ

ПретходноЛевандовски нема да игра за Полска се додека селектор е Пробиеж
СледноПеналите одлучија: Португалија по вторпат ја освои Лигата на нации (ВИДЕО)