Фухсе Берлин за првпат во историјата стана шампион на Германија

195

Фухсе Берлин победи со 38:33 (17:20) во финалето на сезоната против Рајн-Некар Левен и успеа за првпат во историјата да стане германски ракометен шампион. Магдебург го загуби дуелот на долги патеки, завршувајќи еден бод зад берлинскиот тим.

Пред 13.200 гледачи во Манхајм, Фухсе имаше ужасен почеток, но успеа да го надомести овој дефицит во првото полувреме и на крајот радувајќи се на големиот успех.

Тимот кој во своите редови го има светскиот шампион Матијас Гидсел и заедно со некогашните „вардарци“ Милосављев и Марсениќ покажа дека е созреано времето да го преземат тронот.

ПретходноВардар е новиот јуниорски шампион на Македонија
СледноРејндерс ги минал лекарските прегледи во Манчестер Сити