Астана е убав град, дојдовме да ја освоиме…!

602

За неколку часа Македонија ќе го предизвика Казахстан во квалификациски меч за пласман на СП 2026. Нашиот национален тим е во еуфорија по одличните домашни 1:1 со Белгија додека нашиот ривал претрпе пораз на пријателски меч во Белорусија, кој внесе голем немир во јавноста а во пресрет на денешниот натпревар.

Нашата експедиција од саботата е во Астана, а во делегацијата е и Агим Ибраими. Членот на УО и блискиот сосработник на новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ, се враќа на местото каде играше во 2016 година. Трансферот во Астана во тоа време беше „бомбастичен“, но Агим Ибраими заработи тешка повреда па така времето во Казахстан не го памети по добро.

„Среќен сум што ете дојдов повторно во Астана. Без разлика на случувањата тука имам добри пријатели и сум повторно во еден убав град како што е Астана. Но, ние дојдовме да ја освоиме и да си одиме дома со три бода…“, коментира Агим Ибраими за „СпортСпорт“, кој даде добри совети до селекторот Благоја Милевски во пресрет на важниот натпревар:

„Стадионот во Астана е модерен, луксузен но со лоша вештачка трева. Тоа ќе биде нашиот најголем противник денеска на дуелот со Кззахстан. Трибините како и секогаш кога игра репрезентацијата ќе бидат полни, но тоа не е ни приближно како атмосферата која ние ја имаме во Скопје. Знаат да бидат незгодни, имаат секогаш големи очекувања, но не се селекција која може да направи некој бум во квалификациите или да има шанси да се пласира на СП. Ние сме далеку подобри. Немаат тие играчи од типот на Елмас, Барди, Чурлинов, Алиоски…“.

За составот на Казахстан, Агим Ибраими коментира:

„Најдобар и најнезгоден играч е Ашкат Тагиберген. Цврст и многу упорен фудбалер кој има опасен удар од далечина. Војник на теренот! Опасност во нападот Шамородов кој игра во Русија и кој знае со еден потег да се ослободи од дефанзивците, а за наша среќа поради подолга пауза во нивниот тим го нема Бакхтијор Зајнудинов од Бешикташ. Тој е нивниот најдобар и најпознат фудбалер. Но, го имаат и чудото од дете Дестан Сатпаев кој игра за националниот тим со 16 години, играч од средината  а теренот кој веќе има потпис за Челзи од Англија. Нема да биде лесно но ние имаме и квалитет и знаење но и добар ростер на играчи. Да се радуваме ууте еднаш“, е пораката на Агим Ибраими од Астана во пресрет на дуелот со Казахстан.

ПретходноОдиме „ултра“ офанзивно,Трајковски и Чурлинов се враќаат во првите единаесет
СледноБутел Скопје се раздели со петмина ракометари: Нашиот тим секогаш ќе биде ваш дом!