Оклахома Сити ја победи Индијана со 123-107 на домашен терен и израмни на 1-1 во финалната серија. Откако Пејсерс поведоа со кош на 0,3 секунди до крајот на првиот натпревар, Тандер се вратија во серијата.
МВП-то на регуларната сезона, Шаи Гилџус-Александар, постигна 34 поени и беше најдобар кај својот тим. Алекс Карусо додаде 20 поени од клупата, Џејлен Вилијамс постигна 19, Арон Вигинс имаше 18, а Чет Холмгрен заврши со 15 поени за Тандер. Ова беше прва победа на ОКС во финалето од првиот натпревар од серијата против Мајами во 2012 година.
Тајрис Халибартон постигна 17 поени за Индијана, која се врати од дефицит од 15 поени во четвртата четвртина во првиот натпревар. Овој пат, не успеа да претставува сериозна закана. Мајлс Тарнер постигна 16, а Паскал Сијакам 15 поени за Пејсерс.