Жозе Мурињо е на работ да се раздели од Фенербахче, објавуваат турските медиуми. Специјалниот агент веќе разговарал со претседателот на клубот, Али Коч, за евентуално раскинување на неговиот договор.
Средбата се одржала во Лондон. Мурињо бил категоричен дека не е склонен кон никакви компромиси и дека ќе го раскине договорот само ако му биде исплатена отштета во износ од 15 милиони евра.
62-годишниот Португалец го презеде „Фенербахче“ минатото лето. Под негово водство, тимот не успеа да се бори за титулата во турската Суперлига и заврши на второто место.
Мурињо беше во конфликт со судиите во текот на целата сезона и го навлече гневот на навивачите и новинарите со голем број изјави што го поткопаа престижот на турскиот фудбал.