За нешто повеќе од еден час, на „Астана Арената“ Македонија ќе го започне својот четврти меч во овие квалификации за СП 2026.
Играме со Казахстан и очекуваме три бода.
Предмалку искочи стартниот состав на нашата репрезентација кој би требало уште од првата минута да атакува кон домашниот гол.
Еве со овие единаесет со кои Македонија ќе го нападне Казахстан, оние кои што ги најавивме во текот на денешниот ден:
Димитриевски, Деспотовски, Муслиу, Зајков, Алиоски, Барди, Костадинов, Елмас, Трајковски, Чурлинов, Миовски.