Победникот во Купот ги стартуваше подготовките: Вардар од денеска во “погон“!

645

По речиси тринеделен и тоа заслужен одмор, денеска Вардар означи старт на летните подготовки за наредната сезона, секако и за настапите во Европа.

Играчите и стручниот штаб на чело со Гоце Седлоски се собраа во клупскиот тренинг камп и го одработија првиот тренинг во добра атмосфера.

Како што велат од таборот на победникот во Купот, во деновите што следат ќе се направат медицинските прегледи врз играчите, како што е редот, а на 13 јуни се заминува во Раденци (Словенија) каде ќе се одработи најважната фаза од подготовките.

Таму покрај вообичаените тренинзи и воигрување на тимот, ќе се одиграат и неколку пријателски средби со познати фудбалски клубови од европските лиги, со цел за повисоки дострели и постигнување во следната сезона.

ПретходноАлкалоид промовираше седум нови засилувања за следната сезона
СледноКвалификации за СП 2026:Казахстан – Македонија,16:00: Ајде момци кога најмногу е потребно!!!