СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски
Двајца наши фудбалери веќе го прославија својот јубилеј. Имено Столе Димитриевски, нашиот голман и рекордер по “чисти мрежи“, на „Астана Арената“ во Астана по 80-ти пат ја брани Македонија. Инаку тој е десет години во репрезентацијата и секако дека треба да се каже дека е еден од нашите најдобри голмани во историјата, ако не и најдобар кој бранел за нашата најдобра репрезентација.
Езѓан Џани Алиоски, херојот од мечот со Белгија пред три дена, во Астана го забележа својот 85-ти настап за Македонија. Тој досега успеал да постигне 13 голови и го зазема 6.место заедно со Елиф Елмас на вечната лчиста на стрелците за Македонија.
Според настапите сега Џани е на 4.место, зад Горан Пандев, Гоце Седлоски и Александар Трајковски.
Сите овие јубилеја и Столе и Џани нека ги прослават со победа над Казахстан.