Алкараз: Благодарение на Ѓоковиќ, станав она сум сега!

839
Фото: Roland Garros X

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз зборуваше со медиумите по освојувањето на Ролан Гарос. На почетокот на прес-конференцијата, тој ги сподели своите впечатоци по спектаклот во Париз.

„Највозбудливиот натпревар во мојата кариера, без сомнение. Овој натпревар имаше свои добри и лоши моменти, и горд сум на начинот на кој се справив. Ова е моја прва победа од 0-2, не можеше да има подобра можност за нешто вакво – финале на Гренд слем“.

Тој спореди овој натпревар со средбата меѓу Федерер и Надал на Вимблдон во 2008 година.

„Искрено, ако луѓето го стават овој натпревар во таа кошничка, тоа е голема чест. Не знам дали е на тоа ниво, тие натпревари се историјата на тенисот и историјата на спортот. Ќе оставам другите луѓе да зборуваат за тоа, а јас сум само среќен што го испишав моето име во историјата на Ролан Гарос“, беше јасен Алкараз.

Тој исто така откри како се вратил на натпреварот и си дал енергија.

„Морав цело време да се борам, цело време да верувам во себе. Кога направи брејк на почетокот од третиот, почувствував дека сè оди во негова корист, дека удира сè. Публиката ми беше многу важна, особено некои сегменти навистина беа ветер во грб. Без нив, ќе беше невозможно да се вратам“.

Петти слем на само 22 години, исто како и Рафаел Надал, а Шпанецот вели дека сè уште не е свесен.

„Сè уште не сум станал свесен дека го направив тоа, тоа е првиот чекор. Да освојам петти слем на иста возраст како Рафа, тоа е судбина, тоа е статистика што секогаш ќе ја имам за себе. Тоа е голема чест. Се надевам дека ќе продолжам на овој начин и понатаму“.

Колку беше важен овој натпревар за соперништвото?

„Секој натпревар што го играм против него. Ова е нашето прво финале на гренд слем, се надевам не и последно. Секој пат кога играме еден против друг, го креваме нивото на врвот. Мислам дека тоа е важно и за навивачите. Ако сакам да освојувам гренд слем титули, морам да ги победам најдобрите. Ова нема да биде пресвртница, тој ќе научи нешто од овој натпревар, сигурен сум дека ќе си ја заврши домашната работа и ќе се врати посилен. Ќе се обидам да научам нешто и од ова, за да видам што можев да направам подобро тактички. Нема да го победувам засекогаш, затоа морам да учам.“

Конечно, тој се потсети на полуфиналето во 2023 година со Ѓоковиќ, кога почувствува грчеви при резултат 1-1 во сетови, што пак беше причина едвај да го заврши натпреварот.

„Вистина е дека секогаш велев дека секогаш учам од различни ситуации, и лоши и добри. Тој натпревар и поразот од Ѓоковиќ ми помогнаа да научам многу и да се вратам многу посилен во следните години. Благодарение на тој момент, заедно со многу други, станав играч. Што се однесува до минатогодишната победа, таа ми значи исто како и оваа. Имав добри моменти. На секој од нив му пристапив на свој начин, но тоа е прекрасно чувство“, подвлече Алкараз.

ПретходноМартин Томовски се збогува со Потсдам, Фуксе Берлин испиша историја!
СледноМакедонија против Казахстан за продолжување на „бајката“ – една година без пораз!