СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски
Уф, тешко беше во Астана попладнево. Казахстан доби и 10 минути судиско продолжение, се играа точно 100 минути, но Македонија се одбрани и со песна се враќа дома и по овој четврти меч во овие квалификации. Сега одново сме лидери на табелата.Имаме 8 бода, две победи и две ремија. Така ќе биде се до почетокот на мечот во Брисел меѓу Белгија и Велс.
Некој ќе каже дека оваа Македонија не беше таа Македонија од мечот со Белгија, ама, па не може на секој меч да се блеска. Некогаш треба и кога не ти одим, кога не играш како што сакаш, да победиш, да ги “искубиш“ тие три бода.
Имавме и среќа, да! Но, таа среќа треба и да се заслужи а Македонија денеска во Астана и ја заслужи.
Сега одиме понатаму,одиме по нови победи.
Играме во септември со Лихтенштајн дома, па би требало со 11 бода да “влеземе“ во завршницата од овие квалификации, пред последните мечеви со Белгија и Велс на гости и со Казахстан дома.
Луѓе, оваа Македонија прави нешто големо.
Само така. Браво МОМЦИ МАКЕДОНЦИ!
Напред МАКЕДОНИЈО!