Брук Лопез заминува од Милвоки

28
фото: Shot Coverage (X)

Ветеранот во редовите на Милвоки Бакс, Брук Лопез најверојатно ќе го напушти тимот.

Се очекува тој да се најде на пазарот на слободни агенти. 37-годишниот центар минатата сезона заработи 23 милиони долари според договорот со Бакс, со просек од 13 поени, пет скока и 1,9 блокади за 31,8 минути по натпревар во 80 натпревари од регуларната сезона.

„Не мислам дека составот на Бакс ќе остане ист. Тимот веројатно ќе го задржи Кевин Портер, но речиси сите со кои разговарав мислат дека Брук Лопез дефинитивно е минато. Тој би можел да биде едно од најголемите имиња на пазарот“, рече новинарот Мет Мур.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Киву седна на клупата на Интер
СледноРустемовски најдобар боксер на меѓународниот турнир „Мирослав Петровиќ“