СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски
Младиот Стефан Деспотовски денеска внесе свежа крв во нашата репрезентација на мечот со Казахстан, а со настапот навистина заслужи аплаузи. По мечот зборуваше за дуелот и за натамошните очекувања од настапот на нашата репрезентација.
„Искрено многу убаво се чувствувам, бидејќи дебитирав за Македонија. Беше тежок натпревар, но добро е што го решивме во наша корист. Секако дека се надевам да бидам дел од репрезентацијата и во иднина, но тоа е секако одлука на селекторот. Репрезентацијата покажа дека може да се носи со светски репрезентации, така што во иднина ќе бидеме уште подобри“, смета Деспотовски.