Елиф Елмас: Нашиот план беше три бода, беше тешко, но најважно е што победивме!

396

СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски

Македонија забележа уште една победа. Казахстан – Македонија 0:1 е епилогот од денешниот дуел во Астана. Со ова ја продолживме серија на непразеност, која сега е десет меча.

Сепак од тоа поважно е што Македонија освои големи, екстра значајни три бода. Сега имаме 8 бода и со право можеме да се надеваме на нешто големо во оваа група.

Елиф Елмас по натпреварот имаше свое видување: Знаевме дека денес ќе биде тежок натпревар. Нашиот план беше само да дојдеме и да освоиме три бода. Тоа беше најважното за нас. На крајот победивме и ги освоивме овие три бода. Но, како што реков, тоа беше тежок натпревар за нас: патувавме многу, имавме само два дена одмор… Значи, овие три бода се многу важни за нас. Среќни сме. Но, би сакал да напоменам и дека Казахстан беше навистина добар денес. Морам да кажам дека без изненаден од домашниот тим, кој одигра многу агресивно. Но за нас најважни се трите бода, тие ги освоивме па затоа сме многу среќни. 

ПретходноДеспотовски: Среќен сум за дебито, најважно е што победивме
СледноБраво момци МАКЕДОНЦИ: Има ли некој да ја победи оваа Македонија?