Енис Барди: Само вака да продолжиме, горд сум на овие момци!

310

Македонија иако не блескаше, успеа да победи на гости кај Казахстан со 0:1. Важни се трите бода, се друго е во втор план. Македонија уште еднаш одигра храбар меч, о одбраната бевме сконцентрирани, погодивме преку Трајковски и сега на нешето конто имаме нови три бода.

Капитенот на нашата репрезентација, Енис Барди во куси црти го коментираше овој меч:

Знаевме дека ќе ни биде еден од најтешките натпревари во квалификациите. Вештачката трева, агресивниот противник, знаевме и тоа дека ќе ни биде многу тешко. На крајот сепак ги освоивме тие три бода што ни даваат можност да сонуваме, тоа ние најбитно. Јасно е дека сум горд на сите момци, само да продолжиме вака, јас сум горд, како што реков што сум дел од оваа генерација“.

ПретходноТрајковски: Најбитно е да победуваме, целта ја исполнивме
СледноДеспотовски: Среќен сум за дебито, најважно е што победивме