Историјат: Против Казахстан убедлив триумф во “генералката“ пред ЕП 2021! (ВИДЕО)

477

СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски

Денеска во Астана од 16 часот, во меч од 4.коло во квалификациската група Ј за пласман на СП 2026, Македонија ќе му гостува на Казахстан. Добра репрезентацја, но и противник кој реално може и треба да се победи.

Ова ќе биде втор наш меч против оваа селекција во нашата фудбалска историја.

Интересно, Казахстан на 4 јуни 2021 година ни беше “генералка“ пред заминувње на ЕП 2021. Тогаш на Националната Арена “Тодор Проески“ победивме со 4:0. Стрелци на головите беа Алиоски, Тричковски, Милан Ристовски и Чурлинов.

Ова беше составот на Македонија на тој меч против Казхстан:

Димитриевски, К. Ристевски, Муслиу, Тричковски, Алиоски, Пандев, С. Ристовски, Костадинов, Николов, Спировски, Елмас. На списокот беа и Јанков, Шишковски, Бејтулаи, Адеми, Трајковски, Велкоски, Стојановски, Велковски, Радеским, Аврамовски, Чурлинов,М. Ристовски.

Ова се головите од тој натпревар:

ПретходноРоналдо до новинарите: Ве молам, оставете го Јамал на мира!
СледноМартин Томовски се збогува со Потсдам, Фуксе Берлин испиша историја!