Министерот за надворешни работи во Владата на Р. Македонија, Тимчо Муцунски, денеска беше дел од малата македонска „фаланга“ која им даде поддршка на нашите фудбалери на стадионот во Астана. Муцунски заедно со својот тим бил во работна посета на Казахстан, но го искористи присуството да остане и да го проследи мечот на нашата фудбалска репрезентација и заедно со нашите фудбалери да се израдува на втората победа во овој квалификациски циклус.
Дома Фудбал Репрезентација И министерот за надворешни работи навиваше за Македонија на трибините во Астана...