Македонија против Казахстан за продолжување на „бајката“ – една година без пораз!

276

СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски

Македонската фудбаска репрезентација денеска од 16:00 часот по македонска време го игра четвртиот квалификациски дуел од Мундијаската кампања за СП во САД, Мексико и Канада во 2026 година, против Казахстан на гостински терен.

Нашиот национален тим во Астана пристигна како фаворит и со набилдана позитивна енергија. Истото се должи на долгата низа на мечеви без пораз, а секако и поради фактот што од три меча во овие квалификации ние имаме пет бода. Освоени против Лихтенштајн на гости, односно Велс и Белгија на домашен терен.

Она што импонира во моментов е начинот на кој што нашиот национален тим се справува со предизвиците. Ги игра мечевите, што пријателски што квалификациски во континуитет и не губи. Конкретно, Македонија последен пат загубила меч на 6 јуни минатата година против Чешка со 2:1.

Од тој момент наваму, Македонија има одиграно девет мечеви и нема забележано пораз. Од кој сите до еден биле официјални, дали дел од Лигата на Нациите, или пак од тековните квалификации.

Шест победи и три ремија, во кој што Македонија на шест меча нашите репрезентативци немаат примено гол. Се се ова податоци кои што велат дека во моментов Македонија има капацитет во континуитет да бележи добри игри и резултати.

Конечно, со податокот дека една година нема пораз, можат да се пофалат многу малку селекции и тоа со далеку повисок ранг од Македонија.

Последниот официјален пораз е од Италија во 2023

Како што и еден од нашите капитени Столе Димитриевски рече вчера на официјалната порес конференција, статистиката е супер начин да се вреднува нечиј труд. Па еве, според статистиката, последен официјален, натпреварувачку меч кој што Македонија го има загубено, е оној во Рим на Олимпискиот стадион каде што „Рисовите“ загубија со  5:2. Оттогаш наваму ние не сме го напуштиле теренот до наведнати глави.

 

ПретходноАлкараз: Благодарение на Ѓоковиќ, станав она сум сега!
СледноВремето на Мурињо во Фенербахче истекува