Македонија е фаворит според сите параметри, мали се шансите Казахстан и да извлече реми

237

СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски

Ретко се случува, особено кога станува збор за мечеви од мундијалски квалификации, фудбалскиот национален тим на Македонија да е фаворит. Уште пак ако се знае фактот дека играме на гостински терен, тоа значи дека ова е исклучително несекојдневна ситуација.

Денеска Македонија излегува на мегдан со Казахстан. На прекрасната „Астана Арена“ во еден од најубавите градови во овој дел од светот. „Рисовите“ се фаворит на хартија, според моменталната состојба на табелата, според скорот во последните година дена, а и според објективниот квалитет на играчкиот кадар.

Токму затоа и обложувалниците ширум светот, ја свртсуваат Македонија во графата на фаворит.

Коефициентот за победа на Македонија е 2.05 и е во надолна линија што се вели, додека пак триумф на домаќинот Казахстан се вреднува со 4.00. Нормално до стартот на мечот има уште некоклку часа, па овие бројки многу лесно може да се поместат уште повеќе во корист на Македонија.

ПретходноМакедонија прво ќе гостува во Шолнок, а потоа во Орадеа!
СледноГрупа Ј: Во Брисел играат Белгија и Велс, за нас многу интересно е каков ќе биде исходот!