На 9. август, во светските претквалификаци ќе играме со Унгарија, неколку дена подоцна, на 13. август, и против Романија на гостински терен.
Националната федерација на Унгарија и официјално потврди дека натпреварот од претквалификациите за Светскиот Куп 2027, на кој се во улога на домаќини против нашиот сениорски национален тим, ќе се игра во градот Шолнок.
Натпреварот, кој е втор во серијата за нашите најдобри кошаркари во во групата „Б“ претквалификациите, е закажан за 9.август, и ќе се игра во овој град, кој и не е така непознат за нашиот сениорски национален тим, ако се знае дека пред извесен временски период, „црвено-жолтите“ веќе биле на гостувања во Шолнок, и играле во салата „Тицалигети“.
Неколку дена подоцна, Македонија ќе има уште едно гостување. На 13. август, во градот Орадеа, нашата сениорска репрезентација ќе игра против Романија, во третиот натпревар од претквалификациите за Мундобаскетот, кои ќе ги затвориме на домашен терен, на 20.август, кога ја пречекуваме репрезентацијата на Унгарија.