ОФИЦИЈАЛНО: Киву седна на клупата на Интер

43
фото: inter.it

Кристијан Киву денеска и официјално беше промовиран во нов тренер на финалистот во Лигата на шампионите, Интер. На промоцијата, тој зборуваше за очекувањата од новата работа.

„Голема чест е за мене што ја имам оваа можност. Имам страст и амбиција и ќе им ја пренесам на моите играчи бидејќи мора да го направиме она што еден тим како Интер го „заслужува “, а тоа е да одиме до крај и да се бориме за победа. Сакаме да ја завршиме оваа сезона што е можно подобро и сите треба да ја имаме потребната страст за да постигнеме резултати. Треба да бидеме ефикасни. Мојата работа ќе започне со Светското клупско првенство, мора да ја вратиме нашата морална сила и да го направиме она што мора да го направи тим како Интер – да се обидеме да освоиме трофеј“, изјави Киву.

ПретходноЦСКА (М) по 12. пат ја освои ВТБ лигата
СледноБрук Лопез заминува од Милвоки