СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски
Заврши првото полувреме во Астана, на мечот од квалификациите за СП 2026. По првите 45.минути резултатот меѓу Казахстан и Македонија е 0:1. Стрелец на голот беше Александар Трајковски во таа 33.минута и тоа каков гол фантастичен. Една одбиена топка дојде до Алекс на околу 12-13 метри, за да потоа следуваше мајсторски волеј удар за гол и водство на Македонија од 0:1.
Казахстан, сепак се покажува како тежок противник. Домашните во неколку наврати опасно се заканија, Кенчебек ја погоди и стативата од надворешниот дел, Чесноков и Самородов исто така шутираа, но Димитриевски сепак остана несовладан.
Македонија во оваа фаза од средбата се закани преку, Алиоски,Миовски, Елмас и Чурлинов, но најважно е тоа што имаме водство.