СИЛНА Е МАКЕДОНИЈА…. десет мечеви без пораз, „Рисовите“ една година се во позитива

389

Македонската фудбалска репрезентација предмалку со 0:1 обезбеди триумф на гостувањето кај Казахстан, со што го заработија осмиот бод во четвртиот дуел од овогодинешните Мундијалски квалификации.

Во жестока борба со домаќинот во кој таличен за нас овојпат беше Александар Трајковски во првото полувреме, Македонија обезбеди засега прво место во групата и одлична позиција за мечевите наесен.

Она што како факт во моментов е „бетониран“ кога станува збор за Македонија е оној кој вели дека Македонија има десет меча во серија без пораз.

Поточно, седум мечеви и три ремија.

Од друга страна пак, серијата од една година трае од 10.06.2024, до ден денешен односно 09.06.2025 година.

 

ПретходноТриумф во Астана: Македонија и кога не блеска знае како се победува!
СледноСтојановски: Одигравме две различни полувремиња, кое за нас на крајот се талични