СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски
Нашиот национален фудбалски тим вечерва одигра херојски 0:1 во Астана, каде што триумфиравме над Казахстан во рамките од Мундијалските квалификации со 0:1. Стрелец на нашиот гол беше Александар Трајковски во 33. минута, и тоа беше клучниот момент од овој дуел.
Ова не беше нашиот најдобар меч, но резултатски минавме одлично.
„Да, одигравме две различни полувремиња. Точно знаевме каква состојба е на нашите играчи по оној дуел со Белгија. Да, свесно во второто полувреме се повлековме и се обидовме да тактизираме, да го чуваме резултатот. Во моменти можеби и кога немавме друга опција. Не секогаш кога играме добро победуваме. Против Велс или Белгија ете игравме добро. Казахстан да одигра во вториот дел добро, но ние точно знаевме каде е силата на Казахстан и неутрализиравме. Секако дека сакаме да победиме. Македонија оди секогаш на победа. Во врска со тактиката, целта ни беше што побргу да префрлиме тежиште на противничката половина, со цел да се одмори одбраната. Мора да разберете дека ние минавме долг пат до тука, игравме со Белгија, игравме и на вештачка трева. Се се тоа фактори кои влијаеа на нашиот перформанс денеска“ – рече Роберт Стојановски, помошникот на селекторот Благоја Милевски на официјалната прес конференција по мечот.