Трајковски: Најбитно е да победуваме, целта ја исполнивме

412

СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски

Стрелецот на победничкиот гол за Македонија денеска во Астана, Александар Трајковски, смирено по мечот го анализираше настапот и важната победа за нашата репрезентација.

„Сите голови се важни, без разлика кој ги дал. Најбитно е да победуваме. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар и најбитно е дека одигравме како вистински тим, се боревме до крај и ги освоивме трите бода. Одиме чекор по чекои и до крај на квалификациите треба да растеме како екипа и да издржиме за да ја исполниме целта. Денеска беше многу тешко, особено што беше испрпувачки и тој меч со Белгија, но кој и да излезе на терен мора да го даде максимумот. Ние со вакви средби можеме да го исполниме тоа. Во фудбалот кога играш добро, те следи и среќата. Имаме квалитет, ги користиме нашите шанси и се надевам дека до крај ќе биде така“, вели Трајковски.

ПретходноКазахстан е минат, Македонија „гази“ и го сонува МУНДИЈАЛОТ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЕнис Барди: Само вака да продолжиме, горд сум на овие момци!