По дванаесеттипат во историјата, кошаркарите на ЦСКА Москва станаа шампиони на ВТБ Обединетата лига. Тие денеска го доби шестиот натпревар од финалната серија против Зенит со резултат 96:73 и ја обезбедија 12. титула.
За ЦСКА првата шампионска титула дојде во 2010 година. Потоа, играчите на ЦСКА освоија осум титули по ред од 2012 до 2019 година. Следуваа и титулите во 2021 и 2024 година.
Најдобар играч на решавачкиот меч денеска беше францускиот репрезентативец Амат М’Баје, кој постигна 19 поени.