Јамал покажа дека треба уште да учи како се станува ГОЛЕМ спортист! (ВИДЕО)

598

Ламине Јамал на 13 јули ќе полни 18 години. И покрај тоа што сеуште не е полнолетен, тој и сега важи за еден од најдобрите фудбалери во светот во моментов, ако не и најдобар.

Ретко сме го гледале, во изминатите 1,5 години како губи, но вчера неговиот однос, по поразот на Шпанија од Португалија во финалето во Лигата на Нации, во најмала рака беше неспортски и некоректен.

Имено за разлика од неговите соиграчи од репрезентацијата, кои останаа на теренот при доделувањето на пехарот на Португалците, тој се тргна од таму и си замина.

Со ова Јамал непријатно ги шокираше фудбалските фанови во светот, а посебно оние кои сметаат дека токму тој е легитимниот наследник на Лео Меси.

Од ова произлегува дека Јамал уште треба да учи како се станува ГОЛЕМ спортист!

Погледнете што направи младата мега – ѕвезда на Барса и Шпанија:

ПретходноМини „Фаланга“ пристигна во Астана од Лондон
СледноПолувреме во Астана: Мајсторија на Трајковски за водство на Македонија! (ВИДЕО)