Бруно покажа кој е кој: Вака се респектира својот капитен! (ВИДЕО)

1088

Кристијано Роналдо освои уште еден трофеј, трет во својата репрезентативна кариера. Вчера во финалето во Лигата на Нации, Португалија ја победи Шпанија на пенали откако во регуларниот дел беше 2:2. Тој втор гол за Португалците беше дело на Кристијано, кој после мечот не ги креше своите емоции, солзи, радост и еуфорија.

И самиот призна дека овој трофеј и тоа како многу му значи.

Колку е респектиран и почитуван од своите репрезентативни соиграчи, покажува потегот на Бруно Фернандеш. Заменикот капитен на Португалија, додека Роналдо даваше изјави за медиумите, го донесе пехарот до својот капитен, сакајќи да покаже колку Кристијано е заслужен за овој триумф.

Ете, така се респектира својот капитен, погледнете:

ФОТО: Скриншот/Х

ПретходноПолувреме во Астана: Мајсторија на Трајковски за водство на Македонија! (ВИДЕО)
СледноЛуис Енрике посакува уште посилен ПСЖ: Трансферни желби се и Бернардо Силва, Осимен, Дарвин…