ПСЖ е на седмо небо. Сега и официјално може да се каже дека клубот од Париз е најдобриот во Европа откако во финалето пред десет дена го победи Интер со 5:0 и го освои долго очекуваниот пехар во ЛШ.
Сепак стратегот Луис Енрике не мирува. Заедно со раководството на клубот Лучо настојува следната сезона ПСЖ да биде уште посилен. Идилата ја “растира“ само голманот Донарума, кој сеуште не кажал ДА, за потпис на нов договор.
Има повеќе опции за негова замена, но ништо спектакуларно. Инаку во нотесот на Лучо, како трансферни желби за овој летен преоден рок се и Бернардо Силва, Виктор Осимен и Дарвин Нуњес. Јасно е дека тешко е сите да дојдат, но еден или двајца од нив секако и тоа како добро ќе му дојдат на новиот европски шампион.
ФОТО: ФЦ ПСЖ/ФБ