Изминатиот викенд во Куманово на градскиот плоштад се одржа петтото јубилејно издание на меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“, кој оваа година влезе и официјално во календарот на Европската Боксерска Федерација (ЕУБЦ).
Настанот беше во организација на Националната Боксерска Федерација, а како технички организатор беше БК Куманово 84, со помош од Сојузот на Спортови на град Куманово и Градоначалникот на оваа Општина, Максим Димитриевски.
На боксерскиот спектакл продефилираа боксери од Македонија, Србија, Словенија, Азербејџан, Палестина, Романија, Молдавија, Турција и Полска.
Ружди Рустемовски од Пелистерски Јунак е прогласен за најдобар боксер на турнирот. За најдобар младинец е прогласен Јоаким Јовановски од ВК Куманово 84, а Арабел Рустемовски е најдобар јуниор. Најдобар кадет е Џенан Билјали од Куманово 84, а Кирил Глобенко и Димитрије Андрејевиќ се најборбен пар. За најдобар странски боксер е прогласен Јилмз Алперен од Турција.