Македонскиот прволигаш Пелистер ја започна реорганизацијата по најавената промена во структурите на клубот.
Како што објавија денеска битолчани, управата го именува Марјан Секуловски за нов координатор на школата на клубот и тој ќе го заземе местото на Златко Цветановски.
„Ова е нашиот прв чекор, но наскоро ќе ги објавиме и останатите промени. Клубот донесе одлуки за менаџментот и управувањето и деновиве на официјална прес-конференција ќе ги објави следните чекори. Наша цел е развојот започнат од претходната управа да продолжи и ФК Пелистер да се стабилизира како прволигаш со особен значај во македонскиот фудбал“, се вели во соопштението од редовите на битолскиот прволигаш.