Навивач на Велс паднал од трибините по израмнувачкиот гол против Белгија, веднаш пренесен во болница

229
фото: Wales (X)

Еден велшки навивач бил пренесен во болница синоќа откако паднал од горните катови на стадионот во Брисел за време на квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Белгија.

Според Велшката фудбалска асоцијација, несреќата се случила за време на прославата по израмнувачкиот гол на Велс за 3:3.

„Навивачот бил свесен и реагирал добро и бил однесен во болница на дополнителни проверки“, соопштија од Велшката асоцијацијата. Понатамошни детали за неговата состојба сè уште не се познати.

Белгија на крајот го доби возбудливиот натпревар со 4-3 благодарение на голот на Кевин де Брујн во последните три минути од средбата.

ПретходноОдбојкарките до 19 години денеска против Бугарија на стартот на БП
СледноКадетите почнаа со подготовки за ЕМОФ 2025