Англија загуби од Сенегал на домашен терен

967

Во пријателски дуел одигран на Сити Граунд во Нотингем, репрезентацијата на Англија изненадувачки загуби од Сенегал со конечни 1:3. Иако домаќинот преку Хари Кејн поведе во седмата минута, африканците направија комплетен пресврт до крајот на мечот.

Најпрво Сар израмни на 1:1, а потоа Диара направи да биде 1:2. Џуд Белингам постигна гол за израмнување но истиот беше поништен поради играње со рака. Да биде трагедијата за домаќинот уште поголема, Сабали во последните секунди од мечот ги постави конечните 1:3.

 

ПретходноСрбија лесно против Андора, Албанија се „сопна“ во Летонија
СледноАнчелоти го однесе Бразил на СП, Аргентина се спаси од пораз со Колумбија! (ВИДЕО)