Братот на Крос сведочеше за трагедијата во Минхен: Видов како покрај мене паѓа чевла

516
Фото: Felix Kros/Instagram

Трагедија го засени напнатото финале на Лигата на нации што го играа Португалија и Шпанија во Минхен. По регуларниот дел и продолженијата, резултатот беше 2:2, па победникот беше решен со пенали. Португалија беше поуспешна и славеше. Но, на крајот од првото продолжение се случи најлошото. Сега се познати деталите за трагедијата.

„Навивачот кој почина за време на финалето на Лигата на нации во Минхен е романски државјанин. Тој живеел во Баварија последните неколку години. Паднал од висина од два ката на трибините во прес-ложата“, објави романскиот инсајдер Емануел Росу.

УЕФА извести за несреќата: „На стадионот во Минхен се случи ситуација што бараше интервенција на службите за итна медицинска помош. И покрај напорите на лекарите да го спасат животот на жртвата, тој за жал почина во 00:06 часот. Нашите мисли се со неговите најблиски во ова тешко време.“

Феликс Крос, брат на Тони Крос, кој имаше улога на коментатор на тој натпревар, ја коментираше ситуацијата од прва рака за Билд.

„Сè се случи на околу два и пол метри од мене. Не видовме ништо бидејќи го гледавме теренот. Само го забележав ударот. Кога се слушна врева, се свртев, видов како покрај мене се тркала чевла и можев да ја видам ногата“, рече тој.

„Ни беше тешко. Бевме во пренос во живо, немавме никакви информации и мораше да коментираме за натпреварот. Тешко беше да се остане фокусиран во тие минути на целосна неизвесност. Можевме само да опишеме што се случи и дефинитивно не сакавме да шириме дезинформации“, продолжи тој, а потоа заклучи: „Драго ми е што не видов ништо. Можам само да изразам сочувство до семејството.

ПретходноШкендија потпиша со Имран Фетаи, а се раздели со Стефан Коцев!
СледноМирковски е нов тренер на Работнички!