„Граѓаните“ го претставија новиот дрес со кој ќе играат на Светското клупско првенство (ФОТО)

73

Манчестер Сити денеска го промовираше дресот со кој ќе настапи како дел од колекцијата дресови за претстојното Светско клупско првенство во САД. Дресот е дизајнирфан од „КидСупер“, а во производство на Пума, и многу потсетува на некои од легендарните дресови на клубот од 70-тите години.

Свежата бела основа е во контраст со црно-црвениот дијагонален појас, омилен кај навивачите на Манчестер Сити низ целиот свет уште од гостинските дресови од 70-тите што ги носеа играчи како Колин Бел.

Исто така, лансиран е и специјален дрес за голмани, во неонски бои на сонце, со црно-жолт појас.

Дресот кој ќе го носат играчите во САД е изработен од ткаенината ULTRAWEAVE на Пума, која ја намалува тежината и триењето за перформанси на елитно ниво.

ПретходноМилан не попушта: Цената на Леао е 100 милиони евра!
СледноВо Куманово се одржа 5-тото издание на меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“