Дефанзивата ни „грми“, Муслиу и Зајков најдобро оценети наши репрезентативци против Казахстан

674

Македонската фудбалска репрезентација вчера забележа ултра важна победа во тековните Мундијалски квалификации. На гостински терен против селекцијата на Казахстан, која што ја совладавме со минимални 0:1.

Ова не беше нашиот најдобар меч, но без разлика, ние обезбедивме злато вредни три бода.

Македонските репрезентативци со оглед на победата се одлично оценети, а најдобро котираат стоперите Висар Муслиу и Ѓоко Зајков со оцена 7.4. Следува нивниот колега од десната страна Стефан Деспотовски со 7.3. Енис Барди повторно „газеше“ во средниот ред со оцена 7.2, а на исто ниво е оценета и изведбата на стрелецот за нашиот гол Александар Трајковски.

ПретходноРадост, еуфорија и честитки…. инсерти од славјето на Македонија во соблекувалната во Казахстан (ВИДЕО)
СледноДејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта