Репрезентацијата на Македонија со победа стартуваше на годинашново издание од Третата Европска група од Дејвис купот. Во вториот сингл меч Стефан Мицов донесе втор поен за нашиот национален тим и со тоа победа во првото коло за Македонија. Мицов по 2 часа и 30 минути игра го совлада Алекс Де Габриеле со 2-1 во сетови (4-6, 6-0, 7-6).
Во првиот сет се водеше голема борба и по 3:2 во гемови во шестиот гем беа одиграни 20 поени, а Мицов не реализираше две брејк топки. Потоа во следниот гем на сервис на ривалот не искористи три брејк топки и во деветтиот гем Де Габриеле успеа да направи брејк и со тоа да поведе со 5:4 и сетот го заврши со 6:4. Во вториот сет Мицов имаше целосна контрола. Во овој сет при обид да врати една топка Де Габриеле се повреди и откако му беше укажана лекарска помош го продолжи мечот, но тешко се движеше. Мицов сетот го заврши без загубен гем со 6:0.
Во решвачкиот сет Де Габриеле се врати и во третиот гем направи брејк за водство од 2:1, но Мицов во следниот гем имаше ри-брејк за 2:2. До крајот на сетот немаше брејкови и мечот беше решен во тај брејк. Мицов одигра одлично и го доби со 7:3 на поени.
Македонија ја победи Малта, а во мечот во двојки ќе играат: Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ кај Македонија, додека кај Малта на местото на Де Габриеле ќе настапи Стархиња Ѓукиќ со Лиам Деликата