Македонската машка кадетска ракометна репрезентација, започна со подготвителниот период пред настапот на Европсмиот младински олимписки фестивал во Скопје.
Кадетите на претстојниот младински фестивал се дел од групата А каде ќе се сретнат со репрезентациите на Хрватска, Испанд и Шпанија.
Претстојниот ЕМОФ 2025 ќе се оддржи во Скопје во период од 21.07 до 26.07, а кадетите своите натпревари ќе ги играат во СРЦ „Кале“.
Првиот меч го имаме на 21 јули против Хрватска.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
Македонија – Хрватска – 21.07 / 19:30 часот
Шпанија – Македонија – 22.07 / 19:30 часот
Македонија – Исланд – 23.07 / 19:30 часот