Легенда на Лига 1 прободен со нож во срце

398

Даниел Конгре, пензиониран фудбалер кој е спортски координатор во Лион, беше прободен со нож во срцето. Конгре, кој одигра 490 натпревари во Лига 1 помеѓу 2004 и 2021 година како дефанзивец за Тулуз и Монпелје, беше пронајден во несвест во вила во близина на Монпелје откако изгубил голема количина крв.

Веднаш била повикана брза помош, чии вработени утврдија дека Конгре бил прободен со нож во пределот на срцето, пишува RMC Sport. На голема среќа неговата состојба е стабилна.

Полицијата започна истрага за да ги расветли сè уште нејасните околности околу нападот врз Конгре, кој го загрози животот. Покрај споменатите прволигашки екипи, тој играше и за второлигашкиот тим Дижон, каде што ја заврши фудбалската кариера минатата година. Сега е функционер на Лион.

ПретходноМирковски е нов тренер на Работнички!
СледноДејвис куп: Победа за Македонија, Мицов го донесе вториот поен против Малта