Манчестер Сити го официјализираше Черки

178

Екипата на Манчестер Сити вечерва го промовираше 21. годишниот Рајан Черки за свој нов член. Французинот доаѓа од тимот на Лион, преоѓа во Сити за 36 милиони евра плус шест милиони низ разни бонуси кои се наоѓаат во договорот.

Тој потпиша долгогодишен договор со 2030 година.

Черки е офанзивец кој што своето деби во францускиот шампионат го имаше на 16. годишна возраст, а има веќе настапи и за А репрезентацијата на Франција.

„Ова е сон за мене. Искрено, да се приклучам на клуб како Манчестер Сити и да имам можност да го направам следниот чекор во мојата кариера тука е нешто многу, многу посебно“, изјави Черки.

ПретходноДејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта
СледноЧелзи со нова мега понуда за крилниот напаѓач на Дортмунд