Милан не попушта: Цената на Леао е 100 милиони евра!

352

Милан јасно стави до знаење дека нема намера да дава никакви попусти за заминувањето на Рафаел Леао во Баерн Минхен.

Германците се поврзуваат со трансфер на крилниот напаѓач, а „Газета дело Спорт“ објави дека Милан го гледа Леао како еден од клучните лидери на тимот и само сума од 100 милиони евра ќе ги убеди да го продадат. Ако не е така, оние кои се заинтересирани за него можат директно да ја активираат клаузулата за откуп во вредност од 175 милиони евра во текот на летото.

Со оваа одлука, управата на Милан сака да ги обесхрабри тимовите заинтерсираниз а Португалецот и да го задржат на „Сан Сиро“ и следната сезона. Новиот тренер на „росонерите“, Макс Алегри, смета дека Леао ќе биде еден од клучните фудбалери во неговиот нов тим.

ПретходноДејвис куп: Победа за Македонија, Мицов го донесе вториот поен против Малта
Следно„Граѓаните“ го претставија новиот дрес со кој ќе играат на Светското клупско првенство (ФОТО)