Мирковски е нов тренер на Работнички!

406

Владимир Мирковски ќе биде нов тренер на Работнички во следната сезона. Откако најтрофејниот кошаркарски колектив не успеа да го врати стариот сјај и покрај подобрената финансиска сиутација со Горан Самарџиев на клупата, сега ќе се обиде со ново младо тренерско име.

Пред крајот на сезоната Самарџиев го остави Работнички поради катастрофалното издание на неговиот тим. Мирковски го чека напорна работа, со оглед на нестабилноста на „црвено-белите“ во изминатите години кога станува збор и за тренерските имиња.

Тој беше младински селектор, а лани ја водеше Војводина во АБА2 лигата и за малку не успеа да обезбеди пласман во големото финале од регионалното натпреварување.

ПретходноБратот на Крос сведочеше за трагедијата во Минхен: Видов како покрај мене паѓа чевла
СледноЛегенда на Лига 1 прободен со нож во срце