Лука Модриќ стана највозрасниот стрелец во европските квалификации за Светското првенство.
Капитенот на репрезентацијата на Хрватска постигна гол од пенал на натпреварот против Чешка синоќа на кој „коцкестите“ славеа со 5:1. На возраст од 39 години и 9 месеци, тој стана најстариот играч на една европската репрезентација кој што постигнал гол во квалификациските натпревари за Светското првенство.
Претходниот рекорд му припаѓаше на напаѓачот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко, кој пред само неколку дена постигна гол во квалификациите за Светското првенство на возраст од 39 години и 2 месеци.