Херојот на Вардар, Михаил Талевски би можел летово да направи трансфер во белградски Партизан откако „црно-белите“ го ставија на листата од приоритетни засилувања во текот на престојниот преоден рок. Стрелецот на двата гола во финалниот меч од Купот на Македонија пристигна во Вардар во текот на зимата од лутиот ривал Пелистер и како „младинец“ остави силен впечаток со своите настапи оваа пролет за „црвено-црните“
Според она што го дознаваме од Партизан првата понуда била мала и истата е неприфатлива за слободата на Михаил Талевски кој е сигурно дека ќе игра за Вардар во летните настапи на клубот на подготовките во Словенија а потоа и во Конференциската лига.
Младинскиог репрезентативец со своите квалитети го има вниманието од неколку големи регионални клубови но Партизан е меѓу најзвучните. Славниот Предраг Мијатовиќ е тој кој дал зелено светло за трансферот на битолчанецот меѓу „црно-белите“.