Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека Филип Поповски како делегат и Игор Сточевски како асистент судија ќе учествуваат на Европското првенство до 21 година во Словачка (9 – 28 јуни).
Филип Поповски е назначен за делегат на УЕФА за натпреварите на стадионот во Трнава, што значи дека ќе го надгледува организацискиот дел, ги проверува условите и обезбедува спроведување на прописите.
Игор Стојчевски ќе биде четврти судија на натпреварите, со што ја продолжува успешната меѓународна кариераа, секако учеството на младинското Европско првенство е признание од УЕФА за неговата посветеност.
„Ова е признание не само за мене, туку и за македонскиот фудбал. Ангажманот доаѓа после години работа на домашни и меѓународни натпревари. Го користам моментот да ја искажам благодарноста до ФФМ и УЕФА за довербата. Наша цел е да покажеме дека имаме капацитети за уште поголеми задачи“, вели Поповски.