Денеска од 10:30 часот на терените на ТК Југ во Скопје стартуваат натпреварите од Третата Европска група од Дејвис купот. Македонија на стартот ќе се сретне со селекцијата на Малта, а нашиот тим ќе биде предводена од Калин Ивановски, кој по една година се враќа во националниот тим (поради повреда отсуствуваше лани), а покрај него во тимот се уште: Берк Бугариќ, Амар Хусеиновиќ, Стефан Мицов и најмладиот Кристијан Јанев.
„Добро е што ќе стартуваме против Малта, а потоа следуваат мечевите со Црна Гора (среда), Молдавија (четврток), Ерменија (петок) и Летонија (сабота). На почетокот на секој меч се играат двата сингла, кај нас ќе бидат Калин и Берк. Тие двајцата добро играат и како двојка тоа го покажаа и на Macedonian Open. Секако важно за тимот ќе биде другите да придонесат за реултатите. Секој меч ќе биде важен“, изјави селекторот Горан Шевченко.
Во првото коло покрај мечот Македонија – Малта играат уште: Летонија – Црна Гора и Молдавија – Ерменија.