Македонската фудбалска репрезентација вчера по многу борба и неизвесност успеа среде Астана, да го совлада националниот тим на Казахстан со 0:1, и на тој начин да обезбеди осми бод во овогодинешната Мундијалска кампања. Овој триумф ни дава статус на лидери во групата, а квалификациите продолжуваат во септември.
Ние вчера буквално изгнивавме на терен, против сериозно квалитетен противник, кој не пристисна, играше со полн капациет пред двесетилјадна публика, но попусто кога на крајот го оставивме со празни раце.
„Секоја чест за она што го направивте на овој собир“ – изјави селекторот Благоја Милевски во соблекувалната по мечот во Астана мислејќи секако тука и на бодот освоен во Скопје против Белгија.
На честитките им се приклиучи и целосното раководство на Фудбалската Федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ, а тука секако се и Горан Пандев, Агим Ибраими и Илија Најдоски.